beta
   
 
  Контакт  
 
...ИТ производи по дисконтни цени
       
   
ordercode
 
it-discount Opsti informacii
Информации
Каталог на производи

Пребарувањето и резервирањето на ИТ производи преку it-discount.mk е интуитивен и забавен процес.

Производите може да се пребаруваат преку:

- Директно пребарување: Во полето за пребарување може да го напишете името или дел од името на бараниот производ, произведувачот и сл. и ќе се прикажат сите производи кои го задоволуваат бараниот критериум на пребарување.

- Пребарување преку категорија: Производите се поделени по категории и може да се прегледуваат сите производи од иста категорија / субкатегорија со избор на категоријата.

Пребарување по производител: Со избор на соодветниот производител, се прикажуваат сите производи од бараниот производител.

При било кој тип на пребарување, се прикажуваат сите производи кои го задоволуваат критериунот на пребарување и се прикажуваат со основни информации. Со клик на сликата или името на производот се добиваат и деталните информации за производот.

Цени на производите

Цените прикажани на Интернет страницата it-discount.mk поделени се на две категории:

- Редовна цена: Просечна цена по која производите можат да се најдат во најголемиот број на ИТ маркети во Македонија. Дадена е како репер за да се процени попустот кој го добивате ако резервирате преку it-discount.mk

- it-discount.mk цена: Цена на производите која е многу намалена во однос на нивната малопродажна цена и е блиска до увозната / дистрибутерската цена. За да ја добиете оваа цена на производите, мора да ги резервирате преку it-discount.mk и во рок од 3 работни дена по резервацијата, во избраното продажно место да ја потврдите резервацијата со уплата на аванс на дел од цената.

Резервирање

При разгледувањето на каталогот на производи, за секој производ имате можност да одберете количина (во парчиња, ако поинаку не е кажано) и со дугмето “Порачај“ производите со бараната количина се запишуваат во кошничката.

Состојбата на кошничката е прикажана во горниот десен агол и во секое време може да ја промените количината на избраните производи или избраните производи да ги избришете од кошничката.

По изборот на саканите производи, со дугмето “Заврши купување“ ја заклучувате резервацијата, го одбирате продажното место од каде што сакате да ги подигнете резервираните производи, ги пополнувате полињата со Вашите Име, Презиме и е-маил и ја потврдувате порачката.

По потврдата на резервацијата, на Вашиот е-маил ќе добиете ordercode за направената порачка кој Ви е потребен за да може да ги подигнете резервираните производи од избраното продажно место. Во секое време со добиениот ordercode може да се логирате на it-discount.mk и да ја измените или избришете направената резервација.

Ако во рок од 3 работни дена по резервацијата, не ја потврдите нарачката, ordercode се брише и резервацијата се ослободува.

Начин на резервирање